Клоп: Тешко е да се објасни зошто изгубивме со 4:1
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не може да си го објасни високиот пораз (1:4) од Манчестер сити во дербито на 23. коло во Премиер лигата.
„Граѓаните“ ги освоија бодовите со два „подарени“ погодоци од голманот на Ливерпул, Бразилецот Алисон.
– Во моментите кога ги направи грешките Алисон немаше голем притисок од противнички фудбалер. Едноставно можеше да ја шутне топката на трибините, а ние едноставно им ја подаривме. Да не беа тие две грешки натпреварот ќе завршеше со резултат 1:1. Нашата игра беше доволно добра за реми. Ми се допадна фудбалот што го игравме. Многу е тешко да се објасни зошто изгубивме 1:4, изјави Клоп за Би-би-си.
Сепак тој побара од неговите играчи да ја зачуваат самодовербата и да ја продолжат борбата во првенството.
– Не е најдобриот период во нашиот живот, но мора да продолжиме да се бориме. Видов навистина добра игра и неколку сериозни грешки. Мислам дека е лесно да се согласам дека имаше навистина добра игра во првото полувреме. Мора да му дадеме поддршка на Алисон кој многупати не има „извадено“. Одиме понатаму, нашата цел е да обезбедиме место во Лигата на шампионите, додаде Клоп.
Ново на Сител
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте