Клоп: Нема да заминам доколку не се побара тоа од мене
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за промените што му се потребни на Ливерпул.
Германецот ја отфрли опцијата да си поднесе оставка поради лошите резултати оваа сезона.
– Тие велат дека сум премногу лојален, но тоа не е вистина. Ова е потежок проблем. Кога би било можно да се замени кој било играч со друг, тогаш би имало смисла. Но, ако никој не може да се донесе, тогаш никој не може да се извади. Не сум многу лојален. Кога го напуштив Дортмунд, јасно кажав: „Тука треба да се смени нешто“. Ова е друга ситуација. Или се менува тренерот, или многу повеќе. Што се однесува до мене, нема да заминам доколку тоа не го побараат. Ќе бидам тука се додека сум потребен. Ако никој не ме замоли да си одам, нема да заминам. Тоа значи дека можеби во одреден момент ќе треба да промениме нешто друго. Ќе видиме, но тоа е прашање за во иднина. Можеби во лето. Но не сега. Имам време да размислувам за тоа, сега треба да играме подобар фудбал, изјави Клоп.
На прашањето дали на Ливерул му требаат засилувања, тренерот одговори:
„Да. Но, дали сега е вистинскиот момент за ова? Поради ситуацијата во која се наоѓаме, не можам да кажам. Знам само како стојат работите сега. Не можам да го менувам одговорот секоја недела“.
Ливерпул е на 9. место во Премиер лигата со 28 бода од 18 натпревари.
Ново на Сител
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
-
Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег
-
Сообраќајот по влажни коловози, снег во Маврово, Попова Шапка, Крушево
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната