Климатските промени причина за шумските пожари во Сибир
Александар Фјодоров низ прозорецот на својата канцеларија гледа во огромните шуми на сибирската република Јакутија. Ова е еден од ретките денови кога неговиот град не се задушува во портокаловиот смог од пожарите.
Пламенот кој секое лето ја уништува тајгата, стана посилен за три години. Според експертите како Фјодоров, причината се климатските промени.
Во Јакутск, североисточна Русија, каде шаманските традиции се уште преовладуваат, сепак, голем број локални жители се убедени дека природата е жив дух кој секогаш ќе одржува хармонија со човештвото.
Според Александар Фјодоров, заменик директор на јакутскиот Институт „Мелников“, кој го проучува вечниот мраз, уништувањето на пожарите ги побива тие верувања.
– Природата не потсетува и оваа година, како и минатата, дека не треба да се надеваме само на неа. Мораме да се подготвиме сега за последиците од климатската криза, истакна Фјодоров.
Јакутија, слабо населена област, но пет пати поголема од Франција, може да биде меѓу првите земји тешко погодени од глобалното затоплување, предупредува Фјодоров.
Просечната годишна температура во регионот – еден од најстудените во светот, веќе се зголеми за три степени Целзиусови, додека температурите на целата планета се зголемија за еден степен од почетокот на 20. век. Во летото 2021 година, имаше денови со рекордни 39 степени.
Навистина е тешко да се поврзе секој пожар директно со климатските промени, но експертите велат дека глобалното затоплување и сушата ги прават поверојатни и поагресивни.
Климатска бомба
Ова лето, најсушното во Јакутија во последните 150 години, според локалните власти, огнот веќе уништил 1,5 милиони хектари шума.
– Сегашните пожари ги уриваат сите рекорди, вели Александар Исаев, експерт во јакутскиот огранок на Руската академија на науките.
Во цел Сибир, се наложува властите да побараат помош од армијата и да испрскаат хемикалии во облаците за да предизвикаат дожд.
Но, во Јакутија, која има помалку од милион жители, повеќето работи, од друга страна, се товар на преморени пожарникари и лошо екипирани доброволци.
Никита Андреев, кој раководи со јакутската област Горни, објасни дека добива од федералниот буџет само по шест рубли (седум евроценти) за хектар, што е мизерна сума.
Како резултат на тоа, не се води борба против десетици пожари кои избувнаа надвор од населени места.
– Нема доволно работна сила, ниту ресурси за овие пожари. Неопходно е да се распределат средства, посочува Андреев.
Според Федералната агенција за шумско стопанство, повеќе од 11,5 милиони хектари се изгорени од почетокот на годината, во споредба со просечните 8,9 милиони за периодот од 2000 година.
„Огнови со необична сила“
Од Сибир до Урал, вклучително и Карелија, „огнови со необична сила“ беснеат во Русија, рече Григориј Куксин од рускиот огранок на Гринпис, според кого тоа „очигледно е резултат на климатските промени“.
Оваа криза го мотивираше 50-годишниот Тургун Попов, кој го убеди својот атлетски клуб во Јакутск да им помогне на пожарникарите.
– Мораме да признаеме дека зачувување на природата значи заштита на нашата иднина и иднината на нашите деца, нагласи тој.
Пожарите емитуваат големи количества на јаглерод диоксид во атмосферата, уништувајќи дрвја способни да го апсорбираат. На тој начин тие придонесуваат за климатските промени.
Со текот на времето, ова може да предизвика забрзано топење на вечниот мраз и содржи двојно повеќе стакленички гасови од атмосферата. Временска бомба.
– Тоа ќе биде опасно за целиот свет, вели Александар Фјодоров од Институтот „Мелников“.
Во близина на селото Бјас-Кујол, пожарникарот Андреј Евдокимов се загледа во огнот кој се уште чади: „Што и да се случи, змејовите ќе се разбудат“.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет