Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
Халк Банка АД Скопје ги информира своите клиенти во текот на денешниот (сабота, 28 декември 2024 година) се одвива злонамерна кампања која има за цел да ги прибере нивните броеви на картички, како и нивните лични податоци, а со цел злоупотреба на нивните финансиски средства преку дигитализација на платежни картички.
-Нападот се одвива преку добивање на SMS порака која се претставува дека е од банката и бара од Вас на измамнички сајт да ги внесете Вашите податоци. Адресата на сајтот е vasata-bezbednost-halkbank и истата е измамничка и на никој начин не е поврзана со банката. Ве молиме да не кликате на линкот кој ќе го добиете во SMS, и да не ги давате Вашите податоци на посочената адреса, се нагласува во објавата на банката на Фејсбук и на нивната веб страна.
Исто така Халк Банка АД Скопје посочуваат дека во иднина можно е да се смени адресата на измамничкиот сајт.
-Халк Банка АД Скопје никогаш нема од Вас да ги побара Вашите лични и податоците за платежните картички на овој начин. Целокупната комуникација помеѓу банката и клиентите се одвива преку официјални канали кои се и потврдени од страна на банката, наведуваат од банката.
Доколку некој од клинетите веќе ги внел своите податоци на измамничкиот сајт, од банката потенцираат дека мора веднаш да се јават во контакт центарот на Халк Банка АД Скопје, за да се преземат понатамошни активности за спречување на измамите.
Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и и e на располагање 24 часа во денот.
Ново на Сител
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Со цел мој авторитет ќе се потрудам затворските полицајци кои ја срамат униформата да завршат зад решетки