-->
-->
Кличко и Џошуа ќе боксуваат ама наредната година
-->
Светскиот првак во бокс, во верзијата на IBF, Ентони Џошуа и Украинецот Владимир Кличко нема да ги вкрстат ракавиците оваа година, но мечот во кој покрај за титулата на IBF, ќе се борат и за титулите во верзиите на WBO и WBA, би можел да се одржи во март или април наредната година.
Ентони Џошуа и Владимир Кличко биле блиску до договор за титулите да се борат на 10. декември во Манчестер, но поранешниот светски првак ја откажал борбата поради повреда, јави BBC.
Промоторот Еди Херн, објавил дека овие двајца ќе се сударт во рингот најверојатно во март или април наредната година, на Милениум стадионот во Кардиф, кој има подвижен покрив.
Претходно, Тајсон Фјури остана без титулите во верзиите на WBO и WBA, откако призна дека користел кокаин.
Кличко, во кариерата, има 64 победи и четири порази, а титулите го загуби токму од Фјури во 2015 година.
Џошуа титулата во верзијата на IBF ја освои откако таа му беше одземена на Фјури кој не сакаше да се бори против предизвикувачот. Џошуа во април го победи Чарлс Мартин. крај
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено