Ќерката на Мики Јевремовиќ скршена: Најтешко ми паѓа кога ги слушам песните од тато
Легендарниот пејач Мики Јевремовиќ почина во петокот попладне во 76. година од животот, а неговата ќерка Јелена Јевремовиќ се уште не е подготвена да го прифати фактот дека го нема нејзиниот татко.
-Никој никогаш не е подготвен да се раздели од родителите, без оглед на годините. Тој секогаш беше силен и јак и не паметам дека некогаш бил болен. Без оглед на неговата хипертензија и покачениот шеќер, тој ги пиеше тие лекови и продолживаше да живее без препреки. Беше добар човек, на сите им помагаше.
Многу слики едноставно ми се вратија и спомените ми се отворија, се она што човек ќе пикне во некое ќоше кога ќе се случат вакви работи, доаѓаат некои нови спомени на ред. Што се однесува до него, многу работи ме поврзуваат. Кога пред неколку години се вратив од Париз и му се посветив на семејството и се повлеков од јавноста, бевме нераздвојни. Многу време поминувавме заедно, многу повеќе отколку во детството, вели Јелена низ солзи и додава:
-Верував дека ќе ја добие битката, секој кој во себе негува голема љубов тоа го претпоставува. Тато и јас многу се сакавме, како на приватен така и на деловен план, просто бевме испреплетени. На сето тоа, разликата во родендените ни беше еден ден, нему на 27 март, мене на 28. Ќе паметам се, а најтешко ми паѓаат неговите песни, зошто секоја песна ме потсетува на него и наново ќе ми донесува солзи, вели ќерката на Мики Јевремовиќ.
Ново на Сител
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи