Свет
10. May 2016 - 10:41

ОН ќе водат кампања против ксенофобијата и расизмот за справување со бегалската криза

ОН предложиле на нивните земји членки да се договорат за создавање на систем за поправедно споделување на одговорноста на стотиците милиони бегалци и мигранти по светот.

Се предвидува глобалниот договор да биде придружен од кампања предводена од ОН за борба против ксенофобијата и расизмот, изјавија службеници на светската организација.

Според податоци на ОН, во светот има 20 милиони бегалци, 40 милиони раселени лица во сопствените земји и 244 милиони мигранти, кои живеат и работат во држави во кои не се родени.

- Вознемирен сум од засилената склоност на државите-членки да подигнат огради и ѕидови, наведе во извештај генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Според него, „ксенофобските и расистичките реакции кон бегалците и мигрантите изгледа достигнуваат нови нивоа на изостреност и јавно прифаќање“.