Ќе ви надојдат солзи на очите: Родителите на Павков на село не го гледале мечот на нивниот син поради овој тажен детаљ
„Павкоманијата“ во соседна Србија се уште трае, иако од победата на Црвена Звезда над Ливерпул со 2:0 помина цела недела.
Епицентарот на оваа „павкоманија“ се наоѓа во едно српско мирно село недалеку од Нови Сад, каде Милан Павков го дочека изненадување во режија на „АренаСпорт“.
На каналите на оваа телевизија се уште се вртат двата гола на фудбалерот кој го покоси Ливерпул, но целата оваа ситуација има тажна приказна поради тоа што родителите на Милан, Никола и Сузана и сестрата Милица не можеа во домот да го гледаат овој меч.
Тоа претходно во интервју за српски Телеграф го изјави мајката на Милан, а веднаш потоа откако го прочитале интервјуто екипа од „АренаСпорт“ не можеле да не излезат во пресрет.
Екипата веднаш се упатила кон неговиот дом, а на голема радост на семејството од сега ќе може да го гледаат секој успех на нивниот син, секоја чест.
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС/НИКОЛА ТОМИЌ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари