Македонија
24. July 2015 - 14:32

Ќе се реновира објектот на Агенцијата за вработување во Крива Паланка

По половина век од изградбата, ќе се реновира објектот на Центарот на Агенцијата за вработување Крива Паланка со површина од 485 метри квадратни, информира Грозде Георгиевски, раководител на Центарот на Агенцијата за вработување во Крива Паланка.
 
- Со цел подобрување на условите за остварување на правата на корисниците, како и создавање на квалитетни работни услови, но и подбрување на изгледот на објектот, комплетно ќе се реновира надворешниот и внатрешниот дел од зградата на која инфраструктурно не е интервенирано од 1963 година. Со планираната реконструкција  во претстојниот период центарот ќе добие целосно нов лик, рече Георгиевски.
 
Тој додаде дека реконструкцијата е дел од заложбите на Минстерство за труд и социјална работа, а со овој проект ќе бидат опфатени вкупно 12 центри за вработување на ниво на државата кои во претстојните месеци ќе бидат осовременети.
 
- Реконструкцијата ќе започне со менување на кровната конструкција, а планирано е да комплетно да биде имплементиран едношалтерскиот систем во насока на брза и ефикасана администрација за граѓаните, потенцира Георгиевски.
 
Инаку, во април годинава во општина Ранковце беше отворена нова дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување со цел невработените лица да не мора да патуваат до Крива Паланка.