Ќе се кратат неприоритетните и несуштински трошоци во државниот буџет
Намалување и реструктуирање на буџетските расходи во следната година ќе се спроведе преку кратење на неприоритетните и несуштинските трошоци, како и поголема поддршка на приватниот сектор, иновациите и зајакнувањето на конкурентноста.
На презентацијата на Предлог-буџетот за следната година министерот за финансии Фатмир Бесими најави и рационализација и ревидирање на трансферите и субвенциите (социјалните, секторските и локалната власт), зголемување на ефикасноста на реализација на капиталните расходи и анализа на буџетската раскодна структура со цел рационализација и насочување на расходите, како што рече, таму каде што се најпотребни и даваат најголема корист од јавен интерес.
Kaj кратењето на неприоритетните трошоци се подразбира, укажа Бесими, пред сè, патни и дневни расходи, трошоци за репрезентација и договорни услуги.
Во наредниот среднорочен период Владата планира да се фокусира и на намалување на тековните расходи, така што ќе се направи нивна рационализација.
Како мерки за рационализација на расходите во јавната администрација ги наведе: лимитирање на вкупните буџетски трошоци наменети за плати, воведување на ограничување за највисоката плата во јавниот сектор, оптимизација и зголемување на ефикасноста на јавната администрација, оптимизирање и реорганизација на јавниот сектор, дигитализација на добар дел од јавните услуги, воведување критериуми и стандарди за користење на канцелариски простор од страна на буџетските корисници, вредносни лимити при набавката на мебел. Се планираат и вредносни лимити за набавка на службени возила, вклучително и максимална цена за набавка на службено возило, вклучително и пооправдани економски модели на набавка на возила (пр. оперативен лизиинг), као и службени авионски патувања во економската класа
-Тие средства ќе се насочат кон поддршка на стопанството, кон подобрување на иновативноста и конкуретноста, како и надградување на човечкиот капитал, најави Бесими.
Како што информира премиерот Зоран Заев, се работи на оригинален фунцкионален механизам за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции и развојните проекти преку што ќе биде воведена методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст. Тоа значи казнување и наградување на буџетските корисници преку прераспределба на буџетските средства во текот на буџетската година од оние со слаба економија со поголема реализација на капиталните расходи.
Бесими прецизираше дека тоа ќе се прави преку воспоставување механизам за „казнување и наградување“ на буџетските корисници преку прераспределба на буџетските средства во текот на буџетската година , на квартално ниво – од оние со слаба кон оние со поголема реализација на капиталните расходи со таргети 15 проценти, 40 проценти, 65 проценти и 100 проценти реализација на капталните расходи соодветно во првиот, вториот, третиот и четвртиот квартал. Доколку во текот на кварталот реализираат помалку од таргетот ќе им се одземаат средствата од ставка за инвестиции и ќе се реалоцираат во резерви за инвестиции, при што квартал со подобра реализација може да значи и враќање на стредствата, или пак тие со одлука за прераспределба на средства во Собранието ќе се пренасочат кај друг проект или буџетски корисник.
Се планира да се усвои и методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст, да се основа одделение за следење на јавните инвестиции во Министерство за финансии, како и да функционира национален совет за инвестиции со кој ќе прeтседава премиерот, а ќе учествуваат ресорните министри. Воедно да се воспостави методологија за оценка на реализацијата на капиталните инвестиции преку Smart Key Performance Indicators, довршување и забрзана реализација на крупни инфраструктурни проекти, како и значително кратење и лимитирање на капиталните расходи за купување мебел и возила.
Кон фискалната консолидација ќе се дејствува и преку промена на начинот за финансирање на буџетскиот дефицит. Планирано е, појасни Бесими, намалување на задолжувањата и поголема диверзификација на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, така што јавниот долг ќе се управува и репрограмира кон пониски трошоци (со можност за идавање на долгорочна развојна обврзница – ковид обврзница со нулта каматна стапка)
– Ќе се приватизира дел од државниот капитал: дел од акционерските друштва во доминантна или делумна државна сопственост, приватизација на претпријатијата со најголеми загубари, и приватизација на дел од земјиштето во државна сопственост (земјоделско и градежно земјиште) и ќе се мобилизира приватен капитал во политиките за развој – ќе се финансира реализација на одредени проекти преку јавни-приватни партнерства, како и фондови за стратешки инвестиции и развој, најави Бесими.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец