Ќе се гради крак од улица Плачковица во Делчево, неасфалтирана 28 години
Крак од улицата Плачковица што се наоѓа во највисокиот дел од населбата Маџир Маало наскоро ќе добие нов асфалт. Ова денеска го најави делчевскиот градоначалник кој рече дека им излегуваат во пресрет на граѓаните, кои долги години газат кал на овој потег од градот.
-Конкретно за крак од улицата Плачковица во Маџир Маало во стариот дел од градот, можам да кажам дека тие жители никогаш немале патна инфраструктура. Во моја комуникација со граѓаните од тоа место, им кажав дека веќе имаме побарано проект и по неговото одобрување истите ќе добијат асфалтирана улица, велат од Општината.
Миле Миленковски, кој е жител на населбата Маџир Маало, вели дека улицата 28 години не е асфалтирана.
-Дваесет и осум години живееме во кал. За да одиме до чаршијата чевлите ги носиме во раце. Мерена е улицата во минатото најмалку 15 пати, а не е правена ниту еднаш, вели Миленковски.
Освен во населба Маџир Маало, како што додаде делчевскиот градоначалник, проекти се поднесени и за улици во населбата Расадник.
-И во населбата Стар Расадник имаше реакција од граѓаните за она што не е направено со години и таму се запознаени граѓаните дека има проекти за да се направат улиците Христијан Тодоровски – Карпош и Видое Смилевски – Бато. Се надеваме дека после ревизијата ќе бидат дадени како нарачка на економскиот оператор, тендерот пред одреден временски период заврши, така што сите тие проекти што ги имаме дадено за проектирање без забелешки од проектантите ќе бидат реализирани и со тоа во голема мера ќе го подобриме животот на нашите сограѓани, рече Трајковски.
Делчевскиот градоначалник се осврна и на изградбата на улица во село Тработивиште која ќе се гради како дел од проектот „Водоснабдување на Делчево“. Планирани се и три улици во село Град, две улици во село Стамер и една улица во село Вирче. По одобрувањето на проектите од општината најавија реализација на споменатите градежни активности.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден