Кисела Вода почнува капитален проект: Последната населба со септички јами ќе добие канализација
Започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на подземна инфраструктура во населбата Стаклара (Каменик). Ова е последното населено место во општина Кисела Вода каде во 21-от век се уште се користат септички јами. И покрај тоа што тука живеат околу 500 семејства и се лоцираноси преку 60 бизнис ентитети, овој проект поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација не бил воопшто планиран од страна на ниту едно претходно раководство на Општината.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој денес присуствуваше на почетокот на градежните активности за изградба на фекална мрежа, го информираше населението за планираниот тек на зафатот. Тој опфаќа најпрво изградба на фекална канализација во должина од 4.5км, потоа и водоводна мрежа или подземна мрежа во вкупна должина од околу 9.2км, по што ќе се изврши и асфалтирање на целиот потег.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР