-->
-->
Кирил Петков нема да биде предложен за старо-нов премиер
-->
„Продолжуваме со промените“ (ПП) ќе се обиде да формира нова влада во рамките на овој парламентарен состав, а за премиер ќе биде предложен друг кандидат, а не Кирил Петков , изјави потпретседателот на бугарското собранието, Атанас Атанасов за бТВ.
-Ќе си го кажат името, но тоа ќе биде од „Продолжувме со промените“, рече Атанасов.
Со тоа преговорите ќе се стават на нова основа, бидејќи ова беше едно од барањата на БСП да се врати на преговарачка маса. Според Атанасов, се зголемуваат шансите за формирање нова влада.
И „Има таков народ“ која ја напушти коалицијата и ја урна владта на Кири Петков најавија дека ќе преговараат за влез во новата влада, но под услов во неа да ги нема копретседателите на партијата Кирил Петков и Асен Василев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата