-->
-->
Кирацовски: Барав таткото на мојата сопруга да даде отказ
-->
Кирацовски се огласи за вработувањето таткото на сопругата.
Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.
Искрени сме во тоа.
Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.
Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.
Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.
И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.
Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.
Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.
Сега градиме поинакви врености, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши