-->
-->
Кипарско турската страна нема да учествува на утрешните преговори за островот
-->
Кипарско турската страна нема да учествува на утрешната средба на лидерите на Кипар, кои во последните месеци водат преговори за повторно обединување на островот, објавија турските медиуми.
Средбите меѓу претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи беа прекинати минатата недела, откако кипарскиот Парламент ги разлути кипарските Турци, усвојувајќи закон за задолжително одбележување во училиштата на годишнината од референдумот одржан во јануари 1950 година. На тој референдум кипарските Грци масовно гласаа за обединување со Грција.
Островот Кипар прогласи независност од Велика Британија во 1960 година, но етничките конфликти меѓу двете заедници продолжија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран