Кипарските лидери бараат нова мировна конференција
Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасиадес и Мустафа Акинџи денеска побараа од Обединетите нации на почетокот на март да организираат нов мировна конференција за решавање на спорот околу поделениот остров, соопшти во Атина претставнкот на ОН за Кипар, Еспен Барт Ејде.
- Лидерите побраа од ОН, во консултации со земјите гаранти на мирот на островот, да подготват продолжување на конференцијата за Кипар на политичко ниво на почетокот на март, нагласи Ејде.
Барањето до ОН за одржување на нова мировна конференција за Кипар било упатено од денешната средба на Анастасиадес и Акинџи.
Двајцата лидери на средбата се договориле во текот на овој месец да се среќаваат еднаш неделно со цел да разговараат за надминување на тековните проблеми.
Мировните преговори за Кипар под покровителство на ОН започнаа во мај 2015 година. Преговорите, што се одржуваа во Женева, беа прекинати на 12 јануари без да биде постигнат конечен договор.
Покрај ОН и делегации на двете кипарски заедници, во преговорите за Кипар учествуваат и претставници на Грција, Турција и Велика Британија, кои се гаранти на мирот на островот.
Ново на Сител
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово