Кинотеката ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелно наследство
По повод 27 Октомври - Светскиот ден на аудиовизуелно наследство прогласен од УНЕСКО, Кинотеката на Македонија денеска од 11 до 14 часот ќе ги отвори своите работни простории и депоа за јавноста.
Ќе го прикаже и филмот „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков од 1923 година, кој е еден од најстарите и најзначајните историски филмски документи од нејзината колекција. Воведно предавање за филмот, ликот и делото на Арсениј Јовков ќе одржи Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката.
Мото под кое годинава светските филмски архиви, музеи и институции поврзани со заштитата на културно наследство го одбележуваат Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е „Откриј, запомни и сподели“.
Кинотеката информира дека нејзини стручни лица деновиве учествуваат на меѓународната конференција за хрватското филмско наследство во Државниот хрватски архив во Загреб
Во студиото „Визије С.Ф.Т.“ во Загреб е во финална контрола дигитализираниот опус на Бранко Гапо, досега најпродуктивниот режисер во играната продукција во Македонија.
Ново на Сител
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД