Свет
28. February 2016 - 9:19

Кинески христијански свештеник и неговата жена осудени на затвор, поради незаконски активности

Кинески христијански свештеник, кој се спротивставил на владината кампања за отстранување на крстовите од зградите на црквите, беше осуден на 14 години затвор за незаконски активности, вклучувајќи и корупција и нарушување на јавниот ред.

За слични обвиненија неговата сопруга е осудена на 12 години затвор, јави ДПА.

Суд ги осуди Бао Гохуа и неговата жена Син Вансјан, откако заклучи дека тие противзаконски организирале петиција на верници до Владата и со тоа го нарушиле јавниот ред.

Тие се исто така обвинети дека со измама ги натерале членовите на нивната христијанска заедница да донираат 336 илјади долари за автомобили и други лични работи.