Кина: Споровите за Јужното Кинеско Море треба да се решаваат по мирен пат
Спорните прашања во Јужното Кинеско Море треба да се решаваат по мирен пат преку преговори, но кинеската Влада има одговорност да го брани суверенитетот и морските права на земјата, изјави во Синагпур кинескиот претседател Кси Џинпинг.
- Правото на преминување на бродови и авиони во реонот на Јужното Кинеско Море не било и никогаш нема да биде проблем, бидејќи Кина најмногу има потреба од слобода на преминување во Јужното Кинеско Море. Иако, некои помали острови, над кои Кина има суверенитет биле окупирани од други, Кина секогаш се залага за решавање на проблемот со мирни преговори. Кина е ангажирана да работи со директно засегнатите од ова прашање земји за решавање на спорот врз основа на почитување на историските факти, согласно меѓународните закони и преку разговори и преговори, изјави Кси Џинпинг во своето обраќање на Националниот универзитет во Сингапур.
Кинескиот претседател го поздрави фактот земји надвор од регионот да имаат позитовно влијание на мирот и неговиот развој.
Кина има територијални спорови за разни региони во Јужното Кинеско Море со Виетнам, Филипините, Малезија, Тајван и Брунеи.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден