Кина со протест до американскиот амбасадор во Пекинг заради воениот брод во Јужно Кинеско Море
Кина го повика американскиот амбасадор во Пекинг да му го изрази својот протест заради минувањето на бродот „УСС Ласен“ на американските военопоморски сили во близина на еден од вештачките острови во Јужно Кинеско Море, пренесува БТА..
Кинеското Министерство за надворешни работи на својот сајт денеска соопшти дека кинескиот заменик министер на надворешни работи Чан Есви на амбасадот Макс Бокес му соопштил дека САД презеле дејствија не земајќи ги предвид повеќекратните реакции на Кина и дека со тоа им се заканиле на кинескиот суверенитет и безбедност.
Повеќе детали од средбата не се соопштуваат, но Чан вчера изјави дека „провокативниот“ американски маневар, исто така, на ризик го изложи и личниот состав и инфраструктурата на посочениот остров.
„Кина е крајно незадоволна и решително се спротивставува на американските дејствија“, соопшти кинеското МНР.
Американскиот Стејт департмент одби да даде потврда за вчерашната средба, како и да искоментира што и да било за ова прашање, дополнија американските медиуми.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток