Свет
29. March 2020 - 17:16

Кина прогласи крај на епидемијата на коронавирусот

 

Ширењето на вирусот корона на територијата на Кина е запрено, соопшти официјален претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.

„Бројот на потврдени случаи со инфекција е помал од 3000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено, изјави на брифинг Ми Фенг.

Според последните податоци во Кина од почетокот на пандемијата биле регистрирани 81439 лица со инфекција на коронавирус , од кои 75448 лица оздравеле, а 3300 починале.

Претходно кинеските медиуми објавија дека во провинцијата Хубеј, освен во Вухан, која е позната како жариште за ширењето на Ковид -19 по цели  два месеци е обновен внатрешниот патнички авиосообраќај.