Свет
12. April 2016 - 9:30

Кина лута на декларацијата на Г-7 за Источнокинеско и Јужнокинеско Море

Кина изрази силно незадоволство откако министрите за надворешни работи од Г-7 изјавија дека остро се спротивставуваат на провокациите во Источнокинеско и Јужнокинеско Море, каде што Кина има територијални спорови.

- Ги повикуваме земјите од Г-7 да ги почитуваат ангажманите, да не заземаат страна по прашања, врзани за територијални спорови, наведува кинеското МНР.

Г-7 би требало да се фокусира врз светското економско управување и соработка пред перспективата за слаб економски раст, наместо да предизвикува спорови и проблеми, додава Министерството.

По средбата во јапонскиот град Хирошима, шефовите на дипломатиите од Г-7, вчера изјавија дека се „против секакви еднострани дејствија на заканување и принуда, кои можат да ја променат состојбата на статус кво и да ја засилат напнатоста во Источнокинеско и Јужнокинеско Море“.