Кина ќе поттикнува поголема мажественост кај момчињата во развој
Кина има намера да отпочне проект за „одгледување помажествени деца“, поради тенденцијата на т.н. феминизација кај момчињата, што ја намалува нивната способност за служење војска, на пример, или каква било потешка работа.
Властите веќе започнаа со печатење и распространување на „машка литература“, како и сликовници за момчињата од 4-то и 5-то одделение.
Книгата со наслов „Малиот маж", покрај тоа што ќе служи за стимулација на машките одлики и ќе им покажува на децата како правилно да работат со пари, има за цел и исмевање на „метросексуалноста“, која е во подем не само во Кина, туку и насекаде во светот.
Според кинеските власти, таа појава, како и склоноста на некои девојчиња кон панталони и куса машка фризура, е „сериозна криза на половиот идентитет, која не може да биде надмината така лесно“.
Книшката е од шест поглавја и засега претставува само експеримент - да се види какво ќе биде влијанието, но и реакциите.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат