Кина инсталира воена опрема на спорните острови во Јужното Кинеско Море
Најновите сателитски снимки откриваат „значително присуство“ на кинеско оружје и воени инсталации на спорните острови во Јужното Кинеско Море, тврди американската тинк-тенк група Азиска поморска транспарентна иницијатива (АМТИ).
Кина претходно ветуваше дека нејзиното присуство во овој регион нема за цел милитаризација на тој дел од Азија.
Снимките што сега ги објавува АМТИ, меѓутоа, откриваат присуство на противвоздушни топови и антиракетни одбранбени системи на седум од овие острови.
Воени експери веруваат дека капацитетите се изградени во последните неколку месеци и дека тие се за воени и за одбранбени потреби.
На сателитските снимки има воени капацитети за детектирање и за пресретнување ракети и противнички авиони.
Американските медиуми кои ги пренесуаваат наодите на оваа тинк-тенк група, забележуваат дека официјален Пекинг засега не ги коментираше тврдењата на АМТИ.
Во текот на својата посета на САД во септември 2015 година, кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина не се стреми кон милитаризација на островите во Јужното Кинеско Море.
Но, Пекинг останува на позицијата дека целото Јужно Кинеско Море е кинеска суверена територија, за која се потребни одбранбени мерки, Претензии кон делови од Морето имаат и Виетнам, Филипините, Тајван, Малезија и Брунеи. На ескалацијата на територијалниот спор, САД реагираа со испраќање воени бродови во регионот.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Пронајдена дрога во Битола
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување