Кина до 2020 ќе ги намали емисиите на штетни гасови за 60 проценти
Кина до 2020 година ќе ги намали емисиите на штетни гасови што го предизвикуваат ефект на стаклена градина од големите загадувачи во енергетскиот сектор за 60 проценти, најави денеска кинеската Влада.
Кина, исто така, ќе ги намали и годишните емисии на јаглерод диоксид од електраните на јаглен за 180 милиони тони до 2020 година, објави интернет изданието на весникот „Пиплс Дејли“.
Освен строгите цели за намалување на емиисите на јаглерод диоксид, кинеската Влада соопшти и дека го поздравува вклучувањето на јуанот во кошница на резервни валути на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), одосно во специјалните права на влечење (СПВ), како и дека ќе ја одржи стабилноста на националната валута.
ММФ во понеделникот го вброи кинескиот јуан во строго затворниот клуб на валути на меѓународните резерви, во кој се вклучени и американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и еврото.
Со оваа одлука, кинеската валута стекна своја вистинска пазарна вредност, оценуваат кинеските медиуми.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари