Македонија
3. December 2015 - 13:35

Кина до 2020 ќе ги намали емисиите на штетни гасови за 60 проценти

Кина до 2020 година ќе ги намали емисиите на штетни гасови што го предизвикуваат ефект на стаклена градина од големите загадувачи во енергетскиот сектор за 60 проценти, најави денеска кинеската Влада. 

Кина, исто така, ќе ги намали и годишните емисии на јаглерод диоксид од електраните на јаглен за 180 милиони тони до 2020 година, објави  интернет изданието на весникот „Пиплс Дејли“. 

Освен строгите цели за намалување на емиисите на јаглерод диоксид, кинеската Влада соопшти и дека го поздравува  вклучувањето на јуанот во кошница на резервни валути на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), одосно во специјалните права на влечење (СПВ), како и дека ќе ја одржи стабилноста на националната валута.

ММФ во понеделникот го вброи кинескиот јуан во строго затворниот клуб на валути на меѓународните резерви, во кој се вклучени и американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и еврото. 

Со оваа одлука, кинеската валута стекна своја вистинска пазарна вредност, оценуваат кинеските медиуми.