Џет-Сет
15. April 2016 - 21:16

Ким Кардашијан прошета во тесна облека и ги истакна облините!

Папараците ја уловиле Ким Кардашијан во Лос Анџелес каде снимала уште една епизода од реалното шоу „Keeping up with the Kardashians“.
 
По само четири месици откако на свет го донесе својто син, старлетата облекла тесно црно здолниште и провидна ролка.
 
Несомнено е дека оваа комбинација уште повеќе ги нагласи нејзините бујни облини, а нејзините огромни очила и го покриваа речиси пола лице.
Без соменение, вака облечена не можела да мине незабележано на улиците, а се чини дека тоа не го сакала.
 
Ким неодамна со семејството се врати од Колорадо каде биле на скијање.