Живот
8. April 2016 - 10:35

Оваа вест за бојата на вашите очи воопшто нема да ви се допадне

 
Научниците ја разоткриле мрачната тајна за која луѓето со светли очи најчесто не се свесни. Се додека не биде предоцна.
 
Наодите на американските научници од Универзитетот Вермонт укажуваат на поглолем ризик за алкохолизам кај лицата со светли очи.
 
Најголемиот ризик бил кај луѓето со сини очи, а најмал ризик за алкохолизам е забележан кај особи со најтемните очи.
 
Експертите објаснуваат дека гените кои ја контролираат бојата на очите се сместени на ист хромозом како и гените кои се поврзани со зависноста од алкохолот.
 
Поранешни истражувања покажаа дека луѓето со сини очи имаат и помала толеранција на болка.