-->
-->
Ким Јо Јонг: Јужна Кореја е виновна за влошување на односите меѓу Пјонгјанг и Сеул
-->
Јужна Кореја сноси одговорност за влошување на односите меѓу Пјонгјанг и Сеул, кои станаа игротека за САД, изјави денеска првата потпретседателка на Централниот комитет на Работничката народна партија и сестра на лидерот на Северна Кореја, Ким Јо Јонг.
– Општо е познато дека виновници за мрачната ситуација се дезертерите кои испраќаа летоци против Северна Кореја и властите на Јужна Кореја кои се воздржуваа да го спречат тоа, се вели во изјавата на Ким.
Како што наведува, Сеул треба да се извини и да вети дека слични инциденти никогаш повеќе нема да се случат.
– Тоа е трагедија произведена од упорно американско мешање и тврдење на јужнокорејските власти дека врските меѓу север-југ се сведени на игротека на САД, рече Ким.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата