Свет
9. October 2018 - 10:15

Ким го кани папата Франциско да ја посети Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун упати покана до папата Франциско да го посети Пјонгјанг, се наведува во соопштението од кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин ќе му ја врачи поканата на папата од Ким, при неговата посета на Европа следната недела.

За време на средбата помеѓу Ким и Мун, севернокорејскиот лидер изјавил дека сака папата Франциско да го посети Пјонгјанг.