-->
-->
Киев: Во масовната гробница во Буча пронајдени 57 тела на цивили
-->
Во масовната гробница во украинскиот град Буча, во близина на Киев, пронајдени се 57 тела на убиени цивили, изјави денеска шефот на локалниот спасувачки тим Серхи Каплични.
„Тука, во оваа долга гробница, се закопани 57 луѓе“, изјави Каплични за АФП, кој ја организираше ексхумацијата.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат безживотни тела на улиците на градот Буча. Дел од западните медиуми објавија дека најмалку 20 мртви мажи во цивилна облека биле пронајдени на една улица откако украинските сили вчера ја вратија контролата врз Буча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција