Киев бара жестоки санкции против Русија за да се спречи натамошна ескалација
Украина ја осудува одлуката на Руската Федерација за признавање на „независноста” на квази ентитетите што таа ги создаде на времено окупираните територии на Украина – т.н. „Луганска Народна Република” и „Доњецка Народна Република”, и ја повикува меѓународната заедница да преземе жестоки санкции против Русија. Ова се наведува во денешното соопштение на украинското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, се забележува дека украинската страна ги разбира намерите на Русија и нејзината желба да ја испровоцира Украина.
– Ги земаме предвид сите ризици, не подлегнуваме на провокации и остануваме посветени на политичко и дипломатско решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт, се додава во соопштението.
Во соопштението, исто така, пишува дека „по инструкции на украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинската дипломатија го користи целиот дипломатски арсенал за да спречи ескалација на вооружениот конфликт, а украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба е во постојан контакт со колегите за да ги координира дипломатските напори и да преземе мерки за одржување меѓународни состаноци, самити на високо ниво, да привлекува воена помош и да воведе строги санкции против Русија”.
– Натамошните одлуки и чекори на Руската Федерација во голема мера зависат од реакцијата на светот на денешните случувања. Затоа ние се залагаме за жестоки санкции против Русија за да испратиме јасна порака дека натамошната ескалација е неприфатлива. Сега е време да се дејствува, да се стави крај на руската агресија и да се врати мирот и стабилноста во Европа, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма