Киднапиран маж пронајден во Карпош, неговата сопруга го пријавила случајот во полиција
Жена пријавила дека нејзиниот маж е киднапиран.
- На 15.02.2022 околу 18.15 часот од полициски службеници од СВР Скопје од седиште на правно лице на подрачјето на Карпош се лишени од слобода Б.П.(56), Н.П.(50), М.П.(25), С.П.(19) и О.Р.(31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена околу 17.00 часот од страна на 52-годишна жена од Скопје, според која претходната вечер Б.П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг. По преземени мерки и активности од страна на инспектори од Единицата за насилен криминал, по насока на дежурен Јавен обвинител и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б.П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени, информира МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години