Кичевец обвинет за непочитување на самоизолација
Жител на Кичево се вратил од Австрија и потпишал дека 14 дена нема да излегува од дома, но при полициска контрола него не го пронашле на адресата која ја пријавил.ОЈО Кичево предлага казна од 4.000 евра.
ЈО соопшти дека обвинетиот на 15 март влегол во Република Македонија од Република Австрија при што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест Ковид 19 и потпишал изјава за самоизолација.
-При проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом. Со тоа, лицето го сторило кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од ЈО.
За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево до Основниот суд во Кичево поднел предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 4000 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути