КХВ го одобри барањето на Стопанска банка АД Битола за прва емисија на корпоративни обврзници
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска го одобри барањето на "Стопанска банка" АД Битола за издавање прва емисија на корпоративни обврзници по пат на јавна понуда.
Како што информираат од Комисијата за хартии од вредност станува збор за 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност со поединечна минимална продажна цена од 1 евро во денарска противвредност на денот на уплатата. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос, неограничено пренослива, во нематеријален облик и гласи на име.
Вредноста на емисијата на обврзниците кои се предмет на јавната понуда е 5.000.000 евра и претставува 26,30 отсто од основната главнина на "Стопанска банка" АД Битола.
Обврзниците ќе бидат јавно понудени преку Берза, согласно моделот на одредување минимална цена, при што приоритет ќе се дава на налози со повисока цена, поголема количина и порано време на внес на налогот.
Емисијата на обврзници е заради зајакнување на капиталот и вкупниот финансиски потенцијал на банката со што "Стопанска банка" АД Битола планира да ги оствари бизнис целите утврдени со деловната политика за следниот четиригодишен период.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло