Керн: Треба да се замрзнат средствата на ЕУ за Турција
Австрискиот канцелар Кристијан Керн смета, исто како и шефот на дипломатијата Себастијан Курц, дека е потребен поостар курс кон Анакара и бара замрзнување на средствата на ЕУ за помош на Турција во висина од 4,5 милијарди евра.
- Сега ни е потребно брзо решение, а не надмудрување, истакна Керн.
Тој нагласи дека уште во август минатата година барал прекин на пристапните преговори и измена на односот кон Турција.
- Тоа е денес став на австриската Влада, потенцира Керн, додавајќи дека демократско-политичкиот развој во Турција е неприфатлив.
Според него, непочитувањето на владеењето на правото, апсење на новинари, не можат да бидат прифатени кога станува збор за кандидат за членство во ЕУ. Тој побара итен одговор на ЕУ околу новосоздадената ситуација по референдумот за уставни промени.
- Најдоцна до самитот во јуни треба да постои решение за идната соработка меѓу ЕУ и Турција, оцени австрискиот канцелар.
Керн смета дека треба да бидат замрзнати околу 4,5 милијарди евра кои се наменети за помош на Турција, сума која била планирана за период од 2014 до 2020 година.
Тој предупреди и на опасност од заострување на дискусијата за Турција, што може да доведе до конфликт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови