Келијан Конвеј: Трамп заостанува зад Клинтон, но не се предаваме
Раководството на изборната кампања на Доналд Трамп за претседател на САД, првпат призна дека кандидатот на Републиканската партија заостанува зад Хилари Клинтон, кога станува збор за поддршката на гласачите.
- Ние заостануваме. Таа има предност, но не се предаваме. Знаеме дека можеме да победиме, изјави за американските медиуми Келијан Конвеј, менаџер на изборната кампања на Трамп.
Во петокот, првпат и самиот Трамп изјави дека може да доживее пораз на изборите од 8 ноември.
На петнаесетина денови до претседателските избори, истражувањето на разните агенции, покажуваат дека Клинтон има солидна предност од 10-11 отсто во однос на својот републиански противкандидат.
Таа одржува ваква предност, како на ниво на целата држава, така и во некои од сојузни американски држави, значајни за конечната победа на еден од двајцата кандидати.
Раководството на Демократската партија смета дека овии избори може да бидат едни од најголемите во американската историја, според одзивот на гласачите
Високи функционери на Републиканката партија, меѓутоа, стравуваат дека неуспехот на Трамп и текот на неговата досегашна кампања би можела да се одрази и врз позициите на републиканските кандидати за изборите во Конгресот и Сенатот.
Според американките медиуми, ваквото стравување се објаснува со сегашните сознанија дека Клинтон би можела да победи и во држави, какви се Јута или Аризона, каде традиционално се гласа за републиканците.
Во штабот на Трамп се стравува од пораз и затоа што тој значително заостанува во поддршката со финансиски средства и донации за кампањата во однос на Клинтон, што би можрло да има големо влијае врз определувањето на гласачите, особено на оние неопределените.
Менаџерот на изборната кампања на републиканците, Конвеј изјави дека е важно што зад Клинтон се еден поранешен претседател на САД, кој уште е и нејзин сопруг, како и актуелниот претседател, потпретседателот и „првата дама“ на САД .
- Сите тие имаат популарност каква што таа (Клинтон) може само да се надева дека ќе ја има изјави Келијан Конвеј.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица