Македонија
9. November 2022 - 9:32

Казни за 199 возачи во Скопје, 15 поминале на црвено

 Во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 12 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две за возач почетник.

Како што денеска информираа од МВР изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 22 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.