-->
-->
Казахстански специјалци убија петмина екстремисти
-->
Безбедносните сили во Казахстан денеска убија петмина екстремисти, кои се поврзани со смртоносните напади пред неколку дена врз база на националната гарда и врз неколку магацини за оружје во градот Актобе, соопшти Националниот комитет за безбедност.
Специјалци влегоа во стан во Актобе и убија петмина осомничени лица, откако тие одбиле да се предадат и отвориле оган. Нема жртви меѓу безбедносните сили и цивилното население.
Друг маж, кој бил „соучесник на терористите“, отворил оган врз полицајци на улицата и лесно повредил две лица, но бил убиен во престрелката.
Националниот комитет за безбедност нагласи дека властите трагаат по уште осомничени за нападот, кои се на слобода, но не потврдува за колку лица станува збор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите