-->
-->
Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати
-->
Претседателот на Сенатот на Казахстан Маулен Ашимбаев изјави дека причините за вчерашната авионска несреќа на азербејџанскиот „Ембраер 190“ во близина на градот Актау сè уште не се познати.
– Ниту Азербејџан, ниту Русија, ниту Казахстан имаат интерес да ја кријат вистината. Сите достапни информации ќе бидат споделени со јавноста, изјави Ашимбаев.
Според досегашните информации, 38 лица загинаа во несреќата. Авионот летал од Баку кон Грозни, а во него се наоѓале 67 патници.
Претходно денеска, директорот на украинскиот Центар за борба против дезинформациите, Андриј Коваленко на Телеграм објави дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руската противвоздушна одбрана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик