Македонија
10. April 2024 - 16:42

Кавги и навреди на седницата на Антикорупциска

Кавги, надвикување и навреди ја одбележаа седницата на антикорупциската комисија за соочување на аргументите на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители. Силјановска-Давкова со приговор до комисијата за спречување на корупција обвини дека Академијата спротивно на изборниот законик спроведува процес на вработување на кандидати за судии и обвинители.

Во одбрана на академијата погласна од директорката беше овластениот претставник.. Ги нападна членовите на антикорупциска дека дел од нив имале судир на интереси. Биле предавачи во академијата или дел од нив конкурирале, па не смееле да одлучуваат по приговорот.. За својата работа, академијата имала позитивни оценки од ЕУ, вработуваањта за кои приговарала Дафкова биле претходно планирани, а како што велат, можело да се рализираат дури наесен по завршување на изборите.

Директорката на Академијата, нервозниот говор на Пандилов го оправда сотврдење дека таа е од првиот ден во институцијата и како што рече била историска меморија на Академијата за судии и обвинители.. Габер-Дамјановска, негираше дека процесот на вработување е поврзан со изборите.. Во тек биле низа тестирања, а целата постапка била планирана од ланскиот јануари..

Уште пред да почне соочувањето на аргументите, антикорупциската комисја на почеток од седницата ја соопшти одлуката - приговорот на Силјановска дафкова е основан и академијата не смее да ги вработи кандидатите кои во моментот ги полагаат испитите.. Истото го повтори и на крајот од седницата.

Академијата најави жалба пред управниот суд, кој до крајот на неделава ќе има рок да одлучи дали Академијата ќе може во време на избори да ги вработи кандидатите за судии и обвинители.