Кавани ќе ја заврши кариерата во Бока Јуниорс
Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани (37) најави денеска дека неговиот сегашен клуб Бока Јуниорс ќе биде последен во кариерата. Договорот на Кавани со аргентинскиот гигант истекува во декември 2026 година.
„Веќе кажав дека кариерата ќе ја завршам во Бока и мислам дека ќе ја почитувам таа одлука“, изјави Кавани во интервју за „Дарио Оле“
„Мораме многу добро да се подготвиме за 2025 година“, додаде тој. Кавани на лето ќе игра со Бока Јуниорс во новиот формат на Светското клупско првенство, а неговиот тим е во група со Баерн Минхен, Бенфика и Оукленд.
Единсон Кавани за Бока досега одигра 55 натпревари и постигна 23 голови.
Легендарниот уругвајски фудбалер ја почна кариерата во Данубио по што се пресели во Европа, настапувајќи за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Валенсија. Во Јужна Америка се врати по цели 16 години, потпишувајќи договор со Бока во август лани.
Ново на Сител
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-
Најмногу снег на Попова Шапка
-
Бојкот на маркетите поради високите цени, пазарните инспектори на терен
-
Поддршката за Брегзит на најниско ниво досега, мнозинството Британци сакаат назад во ЕУ
-
Трамп им се закани на земјите од БРИКС со 100 проценти царини