Кавадарци ги определи добитниците на наградата „7-ми Септември"
Велка Гавровска-Лукиќ за областа здравство, Перо Бојков за архитектура и Катерина Танева за уметност, се добитници на наградата „7-ми Септември" која ја доделува Советот на општина Кавадарци.
Оваа одлука со мнозинство гласови беше донесена на денешната седница. За неа гласаа десет од седумнаесет советници. Наградата се доделува по повод денот на ослободувањето на градот Кавадарци.
Како што појаснуваат од Службата за информирање на јавноста при општината, наградата се доделува на физички и правни лица како знак за придонес за градот Кавадарци, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти на животот, трудот и творештвото.
- Се мисли на посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, соопштуваат од Службата за информирање.
Кога станува збор за ученици и студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности.
Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година, како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
Ново на Сител
-
Земјава на 42 место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници
-
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
-
Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија