Катругалос: Позитивна разврска е признавањето од Владата на позитивната улога на Договорот од Преспа
Позитивна разврска е признавањето на позитивната улога на Договорот од Преспа, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција и пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос во неговата колумна под наслов „Континуитет и дисконтинуитет во надворешната политика“ за весникот „Неа селида“, во која ги анализира позициите на актуелната грчка влада во надворешната политика.
Поранешниот шеф на грчката дипломатија, се задржува на четири точки од кои првата е Договорот од Преспа и забележува дека постојат членови на владејачката Нова демократија, се уште избегнуваат да го користат името Северна Македонија, jави дописничката на МИА од Атина.
– Позитивна разврска е (сакајќи или не) признавањето на позитивната улога на Договорот од Преспа, надминувајќи ја предизборната позиција околу едноставна неможност за негово поништување. Секако, и во оваа област продолжува хипокризијата на Нова демократија, многу нејзини членови се уште одбиваат да го користат името „Северна Македонија“. Овој противречен став ги ослабува дипломатската позиција на Грција, алатките за притисок кон соседите, но и можностите за пристап кон нив, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција.
Катругалос, колумната ја започнува со ставот дека надворешната политика на Грција има одредени цврсти позиции прифатени од сите партии, но додава дека тоа не значи оти не е важно кој е на власт.
– Владата на СИРИЗА, отфрлајќи ја логиката на неактивност и „нерешавање“, се стремеше нашата татковина да ја направи активен протагонист на настаните, со резултат, гласот на Грција, денес да е многу попочитуван и силен во споредба со минатото, пишува Катругалос во неговата колумна за весникот „Неа селида“ и додава дека актуелната Влада во краткиот период колку што е на власт покажала и континуитет и дисконтинуитет во однос на споменатите принципи.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави