Македонија
12. February 2016 - 14:27

Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија

По барање на специјалната обвинителка Катица Јанева денес полицијата раководена и командувана од Оливер Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.

Градоначалникот на општината Пустец  на албанската политичка сцена стана синоним за отпор во истрајноста и борбата за заштита на правата на Македонците во Албанија. Едмонд Темелко поради ангажирањето за македонското прашање ги доби и симпатиите во регионални рамки.

Тој минатата година по трет пат стана градоначалник на Општината Пустец добивајќи огромно мнозинство од гласовите. Тогаш медиумите пренесуваа дека Едмонд е човекот кој ја одбрани честа на Македонците. Тој со 4 пати повеќе гласови од својот противник стана градоначалник на оваа значајна општина.

Сега тој е уапсен од полицијата раководена од Спасовски, по наредба на Катица Јанева поради сомневање за поврзаност со изборни измами. Според квалификациите изнесени од специјалното обвинителство, а чие име беше објавено веднаш на опозициските медиуми оркестирано, повеќе од јасно е дека Темелко е дел од политичката хајка најавена од Заев а спроведувана од Катица Јанева.