Катица Јанева излезе на говорница, за три минути ги испорача барањата до Собранието и си зеде пауза
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави во Законодавниот дом, ги испорача нејзините барања за само три минути и веднаш си зеде пауза и ја напушти просторијата.
Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15.3.2016 до 15.9.2016 година денеска е разгледуван од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се појави пред пратениците, прво што направи беше селфи за да покаже дека дошла и е присутна во Парламентот, а потоа ги испорача барањата за само три минути, по што си зеде пауза и ја напушти салата.
Непочитувањето на Јанева кон Законодавниот дом веќе добро и е познато на јавноста. Според нејзина неодамнешна изјава, Уставниот Суд, Собранието и Владата се нелегитимни институции, иако и самата е избрана од ова Собрание и користи милионски буџет изгласан од истите пратеници. Јанева смета дека Спеицјалното обвинителство е единствената легитимна институција.
-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство, изјави Јанева во март годинава.
Првиот шестмесечен извештај, кој исто така беше поднесен до Собранието и до Советот на јавни обвинители, помина без дискусија бидејќи и законодавниот дом и Советот ја чекаа Јанева да го образложи извештајот. Тогаш специјалната јавна обвинителка не отиде во двете тела за да ја презентира работата на институцијата со која раководи.
Покрај на комисиска расправа, извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за в понеделник.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција