Македонија
19. November 2021 - 12:58

Кастриот по средбата со Заев на средба со Османи: Пратеникот покрена неформална иницијатива „Европа 21“

Пратеникот Кастриот Реџепи, кој не се појави на гласањето за доверба на Владата, после средбата со премиерот Зоран Заев, денеска оствари средба и со Бујар Османи. Кастриот ја информираше јавноста и дека покренал неформална политичка иницијатива во Собранието - ЕВРОПА 21, која е наменета, како што ијзави за обединување на прогресивни сили, за задржување на евроатланска перспектива на земјата. 

„Соодветно на моите последни политички одлуки и активности, сакам да информирам дека одлучив да покренам неформална политичка иницијатива во Собранието на Република Македонија – ЕВРОПА 21 - за обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евроатланската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската Унија“, напиша Кастриот Реџепи во објавата на Фејзбук.

Додаде дека веќе го остварил првиот чекор, и после вчерашната средба со премиерот Заев, на негова иницијатива денес имал продуктивна средба со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, каде како што вели, одблиску се запознал со сите процеси од надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава.

„Како што очекував, добив силна потврда за големиот број активности кои се преземаат и од наша стана, но и од нашите меѓународни пријатели за да се одблокира овој процес, активности во кои целосно верувам и поради тоа ќе го вложам целиот мој политички капацитет.

Сакам да ги повикам сите прогресивни сили, особено апелирам меѓу пратениците во парламентот кои знам дека го делат овој политички став но во моментов се блокирани од своите политички групации, да ми се придружат и да се обединиме за да може нашиот политички став да добие ефективна реализација“, ијзави Кастриот Реџепи.