Карпош ги награди најталентираните ученици
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска во својот кабинет ги прими најдобрите десет полуматуранти - првенци на училишната генерацијата 2016/2017.
Во оваа пригода, лично им ги врачи еднократните парични награди од 10.000 денари, што за нив, традиционално ги обезбеди локалната самоуправа.
Како што соопшти Општината, посебна комисија направи селекција и од сите десет основни училишта во Карпош и избра по еден најталентиран ученик кој во текот на 2016/2017 постигнал најдобар успех, освоил престижни награди и стекнал дипломи на локално или државно ниво.
Освен паричните награди, Општина Карпош минатата недела ги одведе најталентираните ученици, заедно со останатите 70 најуспешни основци-спортисти, на шестдневно наградно патување во кампот „Скураз“ на полуостровот Халикидики, Грција.
На денешната средба, „првенците“ разговараа со Јакимовски за постигнатите резултати и за функционалноста на образовниот процес.
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом