Карено-Буста за медицинската пауза на Ѓоковиќ: Кога губи повикува доктор, ова го прави многу години
Шпанскиот тенисер Пабло Карено-Буста не можеше да се помири со поразот од Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос. Србинот победи со 3-1, иако го загуби првиот сет со 4:6.
При водство на Карено-Буста, Србинот повика лекар на теренот затоа што чувствуваше болка во левата рака.
-Не бев изненаден што тој побара пауза. Тоа значеше дека играв добро, односно тој губи. Тој секогаш го прави ова, многу години повикува на лекар кога губи. Во последниве години, тој го прави ова постојано кога се појавуваат проблеми на теренот. Не знам, можеби овој притисок влијае толку многу или едноставно му треба. Но, тогаш тој продолжува да игра нормално. Не знам дали навистина го боли или е нешто психолошко. Прашај те го него, изјави Карено-Буста.
Во полуфиналето на Грен слемот во Париз, Ѓоковиќ утре ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?