Карантинот и полицискиот час во Грција продолжени за уште една седмица
Постоечките рестриктивни мерки во Грција, односно карантинот, полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, забраната за патување меѓу региони, задолжителните смс пораки за движење на граѓаните, како и задолжителната употреба на маска се продолжени до 1 февруари, за кога е одлучено отворање на средните училишта, јави дописничката на МИА од Атина.
Актуелните мерки се во сила до понеделник, а грчката Влада секој петок, по препораките и анализираните епидемиолошки податоци од надлежната комисија носи одлуки, па така на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата беше соопштено продолжување на мерките за уште една седмица.
Карантинот во Грција започна на 7 ноември 2020 година, а шест дена подоцна беше воведен и полициски час.
Комисијата на епидемиолози по денешниот состанок даде зелено светло за средношколците на 1 февруари, по два и пол месеци да се вратат во училишните клупи, три седмици по отворањето на основните училишта и градинките.
Министерката за образовани на Грција Ники Керамеос, соопштувајќи ја одлуката рече дека и средните училишта ќе се отворат под мерките што се во сила за основците, додека пак во т.н. „црвени региони“ каде што има дополнителни рестриктивни мерки, дел од средношколците ќе продолжат со онлајн настава.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната редовна прес конференција, освен што објасни дека се продолжуваат постоечките мерки, најави отворање на обложувалниците на1 февруари.
Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 585 нови случаи на Ковид-19, а почина 28 лица.
Од почетокот на епидемијата има 151.041 заразени и 5.598 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци